- ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НЕДВИЖНОСТИ
-
Геодетски елаборат од извршениот премер во функција на одржување на катастарот на недвижностите за запишување на недвижности (згради/објекти/делови од згради,отворени површини на објекти, силоси, базени, деловен простор и други) се изготвува за да се запишат правата на недвижностите (нов или постоечки) за кој постои градежно техничка документација и со која одговара изградениот објект/зграда.
-
Геодетски елаборат од извршениот премер во функција на запишување на недвижности кои останале со незапишани права се изготвува со цел правата на недвижностите да им бидат запишани во катастарот на недвижностите а за кој постои правен основ и со кој одговара предметната недвижност.
-
Геодетски елаборат од извршениот премер за ажурирање на податоците во функција на усогласување на податоците од катастарот на недвижности со фактичката состојба се изготвува за недвижност која веке е запишана но запишувањето не одговара со фактичката состојба на истата и
-
Геодетски елаборат од извршениот премер за отстранување на грешки во одржувањето на катастарот на недвижности се изработува кога веке недвижноста е запишана но се разликува од фактичката состојба односно е настаната грешка која се корегира со овој геодетски елаборат.
-
ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ
-
Геодетски елаборат од извршениот премер на инфраструктурни објекти во функција на востановување на катастарот на инфраструктурни објекти се изготвува за да се запишат правата на инфраструктурните објекти (нов или постоечки) за кој постои градежно техничка документација и со која одговара изградениот инфраструктурен објект и
-
Геодетски елаборат од извршениот премер на инфраструктурни објекти во функција на одржување и отстранување на грешки во катастарот на инфраструктурни објекти се изготвува за да се запишат правата на недвижностите (нов) за кој постои градежно техничка документација и со која одговара изградениот објект/зграда..
-
ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ
-
НУМЕРИЧКИ ПОДАТОЦИ- за реализација на урбанистички планови и урбанистичкопланска документација во постапките за формирaње градежна парцела заради изградба на објект, за откуп/закуп на градежно земјиште, приватизација на градежно земјиште и други, за решавање на имотно-правните односи на недвижностите во постапките пред државните органи, јавните служби (нотари, извршители и др.) и органите на единиците на локалната самоуправа и Град Скопје и пред други органи
-
ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА е елаборат за посебни намени каде се утврдува делот од недвижноста кој се експшроприра времено или трајно.
-
ФИЗИЧКА ДЕЛБА - е елаборат за формирање на посебна катастарска парцела или за оформување на посебна станбена единица, која се прави со цел за: купопродажба на земјиште, повраток на земја, оставинска постапка и добивање на хипотекарен кредит.
Потребна документацијa e имотен лист за недвижноста и согласност од учесниците
-
Обележување на проектирана градба -овој геодетски елаборат се изработува со цел да се прикаже почеток на градбата.
-
теренска идентификација со или без премерување на недвижноста; обележување и обновување граница на катастарска парцела;
-
утврдена фактичка состојба за легализација на бесправно изградени објекти и делови од објекти, овој елаборат е познат разгозворно како елаборат за легализација со кој се утврдува фактиичката состојба на нелегалниот објект;
-
утврдена фактичка состојба за легализација на инфраструктурни објекти овој елаборат е познат разгозворно како елаборат за легализација со кој се утврдува фактиичката состојба на нелегалниот објект;
-
востановување закуп на земјоделско земјиште;
-
концесија;
-
промена на катастарска култура и класа на земјоделско земјиште;
-
ажурирање на геодетски подлоги се изготвуваат со цел да се прикаже фактичката состојба на предметната недвижност во однос на нејзината намена(за донесување на ДУП, ГУП, ЛУП итн;
-
отуѓување на градежно земјиште под зграда/објект/дел од објект по стекнат правен статус на бесправно изграден објект-со овој геодетски елаборат се откупува земјиштето под легализираниот објект со цел да се приватизира истото.