Гео–Компас е компанија која е основана во 2019 година, но со себе носи тим од професионалци кои имаат над 15 години работно искуство во областа на геодезијата и катастарот. Компанијата работи во областа на геодезијата, катастар, вештачења, проценка на недвижности, инженерска геодезија, индустриска геодезија. Со својот професионален тим нуди стручни и целосни решенија за проблематики во областа на катастарот, геодезијата, судските вештачења во областа на геодезијата, проценките на недвижности. Нуди изработка на геодетски елаборати за:

  • Запишување на недвижности во катастарот - Упис на објекти

    Се врши кога недвижностите (куќи, згради и посебни делови од згради) имаат градежно – техничка документација. За да се направи запишување на истите, потребна е градежно – техничка документација, односно:
    ➢ Одобрение за градење
    ➢ Основен проект
    ➢ Услови за градба
    ➢ Протокол (нумерички податоци)
    ➢ Изјава од изведувачот/ Извештај од надзор

  • Запишување на недвижности во катастарот - Упис на отворени површини

    Се врши кога недвижностите (отворени површини од типот на брани, силоси, соларни централи, отворени спортски игралишта, паркови, плоштади, паркиралишта и други објети) имаат градежно – техничка документација или со друг важечки правен основ. За да се направи запишување на истите, потребна е градежно – техничка документација, односно:
    ➢ Одобрение за градење
    ➢ Основен проект
    ➢ Услови за градба
    ➢ Протокол (нумерички податоци)
    ➢ Изјава од изведувачот/ Извештај од надзор
    ➢ Друг правен основ

  • Запишување на недвижности во катастарот кои останале со незапишани права

    Се врши кога недвижностите (куќи, згради и посебни делови од згради, односно станови) и покрај добиената градежно – техничка документација останале незапишани, односно се без право на сопственост. За да се направи запишување на истите, потребна е градежно – техничка документација, односно:
    ➢ Одобрение за градење
    ➢ Основен проект
    ➢ Услови за градба
    ➢ Протокол
    ➢ Купопродажен договор (доколку станува збор за стан).

  • Нумерички податоци

    Се врши кога треба да се откупи или да се приватизира градежно земјиште или дворно место, за одобрение за граба односно отпочнување на постапка за градба. За изработка на геодетски елаборат за нумерички податоци, потребно е да се достави Извод од детален урбанистички план (не постар од 6 месеци) и истиот го издава предметната општина.

  • Концесии

    Се врши кога клиентот сака да земе државно земјоделско земјиште под закуп. Постапката за концесија е поделена на 2 начини:
    ➢ Поднесување на концесија
    Се врши кога клиентот има добиено катастарска парцела и на истата треба да и се обележат границите за да се направи геодетски елаборат;
    ➢ Запишување на концесија
    Се врши кога клиентот веќе склучил Договор за концесија и истиот треба да се спроведе во катастарот.

  • Физичка делба

    Се врши кога клиентот сака да ја подели својата парцела на два или повеќе делови. Физичка делба може да се направи само за градежно земјиште или за земјоделско земјиште кое е поголемо од 2 Ха. За изработка на геодетскиот елаборат, потребно е да се достави Потврда за карактер на земјиште и истата ја издава предметната општина.

  • Обележување на граници на катастарска парцела

    Се врши кога клиентот сака да му се обележат границите на катастарската парцела. За да се направи обележување, потребно е барање од странката и да бидат известени соседите со кои граничи клиентот кои ке бидат присутни на денот на мерењето.

  • Идентификација на катастарска парцела со премерување и без премерување

    Се врши кога странката сака да ја најде својата недвижност или да ги идентификува границите на истата

  • Ажурирана геодетска подлога

    Се врши кога е предвидена промена во ДУП / ГУП / ЛУП или за проектирање на нова градба. За да се изработи геодетски елаборат за ажурирана геодетска подлога, потребно е да се достави градежен опфат изработен од архитект или урбанист.

  • Обележување на проектирана градба

    Се врши кога клиентот почнува соградбата одкако добил одобрение за истата . За да се направи обележување, потребно е да се достави маркицата односно да нумеричките податоци.

  • Ажурирање на фактичка состојба на недвижности заради усогласување на катастар на недвижности со фактичката состојба

    Се врши кога сопственикот ја има заградено парцелата и таа е непроменета од катастарот на недвижности но со стапување на сила на катастарот на недвижности заради различните методи и техники има отстапувања па со геодетскиот елаборат се корегираат границите со согласност за промена на граници од соседните сопственици.

  • Откуп за земјиште под легализиран објект

    Се врши кога треба да се откупи земјиштето под објект врз основа на легализација на бесправно изграден објект. За израбока на годетски елаборат, потребно е да се достави Решение за легализација на бесправно изграден објект.

  • Премер на инфраструктирни објекти поставени на стопа, Премер на собракајни, енергетски, електронски комуникациски мрежи надземни и подземни

    Се врши за упис во катастар на недвжности и потребни документи се исто така одобрение, локациски и проекти

  • Легализација на бесправно изградени објекти

    Се врши кога објектите се изградени без документација, односно се дивоградби. За да се изработи геодетски елаборат за легализација на бесправно изградени објекти, потребно е клиентот да има поднесено барање за легализација во предметната општина.

  • Бришење на срушен објект или дел од објект

    Се врши кога запишаниот објект е срушен па да се избриши од катастарската евиденција. За да се изврши бришење потребно е барање од сопственикот и одобрение за бришење на истиот.

  • Спојување на парцели

    Се врши кога клиентот има две или повеќе катастарски парцели во низа, кои се во негова сопственост. За да се изврши спојување на катастарските парцели, потребно е истите да бидат на ист сопственик и да имаат иста култура и класа.

  • Обелешување на шуми

    Се врши на барање на клиентот заради дозвола за сечење на шума или добивање дозвола за сеча на шумата.



Гео–Компас исто така нуди услуги како што се:

  • изработка на сите видови на геодетски елаборати
  • издавање на имотни листови
  • електронско поднесување за откуп на градежно земјиште во надлежните институции / органи
  • следење на градба
  • инженерска геодезија
  • индустриска геодезија
  • имотно – правен консалтинг
  • проценка на недвижен имот
  • судски вештачења во областа на геодезијата.

Гео–Компас е компанија која нуди верна, професионална и коректна соработка со нашите клиенти. Тука за Вас секогаш ќе стои нашиот тим од професионалци кои ќе Ви ги обезбедат и објаснат сите потребни информаци во областа на геодезијата.


Наши клиенти:

  • Општина Куманово
  • Општина Теарце
  • Друштво за трговија на големо Репро 21
  • Проектантско биро Дат Урбан Кон
  • Проектантско биро Тајфа План